НОЛЕ Е ПРВ ПОЛУФИНАЛИСТ ВО МЕЛБУРН Ѓоковиќ загуби сет од Фриц, ама покажа сила и го урна отпорот на Американецот

Во полуфиналето Ѓоковиќ го чека дуел со подобриот од пресметката на Синер и Рубљев.

334

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, откако во четвртфиналниот меч беше подобар од Тејлор Фриц со 3-1. Во дневниот термин на „Род Лејвер Арената“ ривалот од Соединетите Американски Држави му пружи отпор во два сета на Србинот, кој потоа го крена темпото и дојде до победа.

Првиот сет беше и најдолг, се играше речиси час и половина, а во него и покрај тоа што имаше многу брејк-шанси ниту еден тенисер не успеа да одземе сервис на ривалот. По израмнетите 6-6, Ѓоковиќ беше посигурен во тај-брејкот и со 7-3 дојде до водство. Фриц одговори соодветно, веднаш на стартот направи брејк и поведе, а потоа не дозволи противникот да се врати, па со 6-4 израмни.






Тоа како дополнително да го мотивираше Новак Ѓоковиќ кој го крена нивото на игра. Третиот сет беше најкраток, Србинот одзеде два противнички сервиси и со 6-2 ја врати предноста. Фриц се обидуваше да се врати, влезе добро во четвртиот сет и имаше егал. Ѓоковиќ направи нов брејк за 4-2, ама Фриц возврати со ри-брејк. На тоа првиот светски рекет одговори со два освоени гема и победа по првата меч-топка со 6-3.

За Србинот ова беше 33. победа по ред на турнирот во Мелбурн, со што го изедначи рекордот на Моника Селеш остварен пред повеќе од три децении. Двајцата се родени во радиус од 100 километри, со оглед што популарниот Ноле е од Белград, додека легендарната тенисерка е од Нови Сад.

Во полуфиналето Ѓоковиќ го чека дуел со подобриот од пресметката на Синер и Рубљев.

📽 „ГОРАН, ГЛЕДАЈ“! „ШТО ДА ТЕ ГЛЕДАМ ЈЕБОТЕ“! Новак полуде по Иванишевиќ, дури и коментаторот рече дека тимот има само една работа

Поврзани содржини