Нобеловци бараат привремено откажување од интелектуална сопственост врз вакцините против ковид-19

Доколку тоа не се случи, многу земји нема да можат да извршат масовна вакцинација до 2024 година со сегашната стапка на производство на лекови против ковид-19, се вели во отвореното писмо до Бајден.

406

Повеќе од 100 нобеловци и 60 поранешни шефови на држави и екс-премиери од целиот свет апелираа до американскиот претседател Џо Бајден да го поддржи предлогот на Јужна Африка и Индија за привремено откажување од интелектуална сопственост врз вакцините против ковид-19.

Научниците и политичарите бараат привремено замрзнување на правилата на Светската трговска организација за интелектуална сопственост во врска со производството на вакцини против инфекција со коронавирусот.






Целта е да се зголеми производството на лекови за борба со пандемијата во земјите каде што недостигаат и да се забрза борбата со заразата.

Доколку тоа не се случи, многу земји нема да можат да извршат масовна вакцинација до 2024 година со сегашната стапка на производство на лекови против ковид-19, се вели во отвореното писмо до Бајден.

Поврзани содржини