НОЌВА ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО И ТРЕЗВЕНО Новогодишни препораки до граѓаните од РСБСП

Да покажеме дека културата на однесување во сообраќајот, особено за време на Новогодишните празници е на издигнато ниво. Заеднички да придонесеме за зголемувањето на безбедноста на секој учесник во сообраќајот.

239

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им препорача на граѓаните за новогодишните празници да бидат совесни и да возат одговорно и безбедно. Еве ја пораката од РСБСП:

„Новогодишните празници се време за одмор и уживање, за радост, споделена среќа и дружење со најблиските! Токму затоа тие се и период на поголема раздвиженост на луѓето, зголемен број на возила на патиштата и повеќе патувања.






Прославете ги одговорно и возете внимателно и безбедно. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши спокојството и благодетот. Обрнете внимание на зголемената фрекфенција во сообраќајот, вклучете се во него совесно, возете одговорно и патувајте безбедно до посакуваната дестинација.

Заеднички интерес на сите нас е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и подигањето на свеста за совесно учество во сообраќајот.

Да покажеме дека културата на однесување во сообраќајот, особено за време на Новогодишните празници е на издигнато ниво. Заеднички да придонесеме за зголемувањето на безбедноста на секој учесник во сообраќајот.

РСБСП потсетува на непроценливата вредност на животот и на радоста што ја носи секој среќен момент поминат со најблиските. Затоа ги упатува следните препораки за возење во текот на Новогодишните празници:

  • не возете под дејство на алкохол
  • прилагодете ја брзината на условите на патот и почитувајте ги правилата за нејзиното ограничување
  • не го користете автомобилот доколку немате потреба
  • користете зимска опрема
  • возилото нека ви биде технички проверено и исправно
  • бидете постојано информирани за состојбата на патиштата
  • внимавајте на ниските температури и на појавите на снег и голомразица
  • не користете мобилен телефон додека возите
  • користете сигурносен појас
  • почитувајте ги правилата и сите учесници во сообраќајот.

РСБСП со апел: Бидете внимателни за време на Новогодишните празници. Возете одговорно и безбедно. Новата 2022 година нека биде среќна и безбедна!

Поврзани содржини