НОЌЕСКА ЦЕЛОСНО ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ОБИКОЛНИЦАТА ОКОЛУ СОЛУН Шест часа прекин на сообраќајот
Ноќеска од 23 до утре 05 часот ќе има целосен прекин на сообраќајот на дел од обиколницата околу Солун, на лентата што води во насока кон западниот дел од градот, граничниот премин Богородица (Евзони) и Македонија, објавија во Фејсбук групата Грчка инфо.
Според информациите од сообраќајните служби, затворањето ќе се реализира ноќеска (среда, 19 август) во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот наутро.
За време на шестчасовната блокада, сообраќајот ќе се пренасочува низ споредните и локалните градски улици, што може да предизвика забавување и зголемен метеж.
Спротивниот правец од обиколницата — кој води кон источниот дел на Солун и краците на Халкидики — ќе остане целосно отворен за сообраќај.