НИТУ КИРИЛ ЛАЗАРОВ НИТУ МАЈКА МУ СЕ ГАЗДИ НА „АРЕКСПОРТ“ Зошто Љупчо Николовски не го раскинал договорот за субвенции, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска излезе со обвиненија дека поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски склучил низа договори со фирмата „Арекспорт“ од Струмица за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари.

16,672

Немам сопственичка поврзаност со фирмата „Арекспорт“ од Струмица и не знам зошто го мешаат моето име, вели за Плусинфо Кирил Лазаров, сопственик на НИКОБ, кој денеска беше прозван од ВМРО-ДПМНЕ дека наводно мајка му стоела зад наведената фирма.

– Фирмата е на мојата снаа, не е на мајка ми. Јас немам ништо со тоа. Таа фирма работи во Струмица, јас работам во Скопје. Но, ако има каков било сомнеж, институциите нека ги проверат наводите и нека постапат по нив. Ако има сомнежи нека проверат и нека ги потврдат. Ако имало незаконска исплата Агенцијата требало да ги побара средствата назад, а досега, колку што ми е познато, не се побарани – вели Лазаров.






Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска излезе со обвиненија дека поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски склучил низа договори со фирмата „Арекспорт“ од Струмица за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари.

– Љупчо Дон Николовски, наместо како министер во влада, додека бил на позиција се однесувал како мафијашки дон. За Дон Николовски не важеле законите, туку партиската припадност. Љупчо Дон Николовски ја злоупотребил својата позиција континуирано во период од неколку години и на фирма блиска до СДС исплаќал милионски субвенции без основ. Љупчо Дон Николовски склучил низа договори со фирмата „Арекспорт“ од Струмица за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари. Да, 1.416 хектари за фирма од Струмица, зад истата таа фирма стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ – рече Петрушевски.

 

Според него, фирмата „Арекспорт“ склучила долгогодишен договор за закуп со МЗШВ под превезот дека земјиштето ќе го насади со лозов насад.

– Наместо лозов насад стотици хектари се користеле за сеење на едногодишни култури, спротивно на договорот за закуп, а уште толку се давале на други лица да ги работат, односно не биле обработувани од фирмата закупец. Неискористувањето на земјиштето за намената за која што е склучен договорот е основ за раскинување, но до тоа не дошло затоа што наместо по закон Дон Николовски работел по партискиот кодекс. Фирмата, поради тоа што Дон Николовски не им го раскинал договорот, иако за тоа бил должен да го направи, инкасирала 485.000 евра за субвенции, кои немала право да ги земе. 485.000 евра воопшто не требало да бидат исплатени затоа што фирмата не само што не го испочитувала договорот во делот на насадот кој се обврзала да го засади, туку и не платила закупнина за земјиштето 2 години по ред. „Арескпорт“ не платила закупнина во висина од 30.000 евра, за 2022 и 2023 година. Љупчо Дон Николовски, и покрај тоа што неплаќањето на закупнина е основ за раскинување на договорот, тоа не го направил и со тоа овозможил нелегална исплата на субвенции – вели Петрушевски.

Тој прашува зошто Николовски не го раскинал договорот и дали и каков интерес имал.

– Дон Николовски е фатен инфлагранти во криминал. Дон Николовски треба да одговара – рече Петрушевски.

Поврзани содржини