НИКОЛОВСКИ ГО ОДЛОЖИЛ ПОВИКОТ ЗА ИПАРД 2 ЗА ДА ВМЕТНЕ НЕГОВА ЦЕЛНА ГРУПА Стоилeв го повика да ја признае грешката наместо да критикува

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека програмата ИПАРД 2 е завршена со повеќе од 85% за што ЕУ не прогласени за лидери во регионот.

207

Љупчо Николовски наместо да зборува дека ИПАРД 2 кампањата е катастрофа, нека признае дека катастрофата се случила во 2023 кога тој бил министер и сакал да си вметне негова целна група дополнително да аплицира, изјави Илија Стоилев, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во своето гостување подкастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

Тој се осврна и на обвинувањата на поранешниот министер Љупчо Николовски дека ИПАРД 2 е катастрофа.






–  Јас можам да кажам дека катастрофа е тоа дека можеше да се случи ИПАРД 2 да не успее како што треба и дека катастрофата се случила уште 2023 година бидејќи тогаш наместо да ги затворат првите јавни повици по мерките 1 и мерката 7, да ги затворат навремено роковите, тие дале пролонгирање од 15 дена, најверојатно со некоја негова целна група за да може дополнително да аплицираа. И тоа се случило да во тие 15 дена дополнителни 900 апликации пристигнат во Агенцијата и ја блокираат целата работа на Агенцијата, што дополнителни и роковите ги растегнуваат, за да тој каже дека ИПАРД 3 било катастрофа, катастрофата почнува од тогаш – појасни Стоилeв.

Тој кажа и што презел за подобрување на состојбата.

– Како ја преземавме должноста ИПАРД 3 распишавме еден јавен повик по мерка 1, уште еден јавен повик за мерка 7, го завршуваме јавниот повик од мерка 3, планираме во септември да се распише нов јавен повик од мерка 3 и уште еден јавен повик во 2025 за мерка 7. Ако за Љупчо Николовски тоа е катастрофа, за нас е огромен успех, така што апсорпцијата за ИПАРД 3 според нашите проценки ќе биде преку 90% и тогаш јавно ќе го повикаме и него, доколку уште стои на тој став дека е катастрофа, јавно да каже и да се извини пред македонската јавност и веќе никогаш да не приговара на нешто што оваа Влада е посветена, тоа е земјоделскиот сектор – рече Стоилев.

Стоилев  објасни на кој начин се добиваат средствата од ИПАРД кампањата.

– За да се даде одговор треба да се задржиме на она што досега го добивме преку ИПАРД 1 и ИПАРД 2 кампањата бидејќи сега сме во дел на имплементирање на ИПАРД 3. Ако кажеме дека ИПАРД 1 кампањата беше со апсорпција или со искористеност некаде од само 12%, ИПАРД 2 ја завршивме како лидери во регионот со повеќе од 85% искористеност, што бевме од страна на ЕУ прогласени за лидери во регионот со оглед на големината на нашата агенција и капацитетите кои ги има нашата држава -рече тој.

Стоилев се осврна на еден сериозен проблем со кој се соочил откако стапил на функција затоа што минатата власт оставила преку 70 нерешени предмети и морале да најдат начин како да се решат овие предмети кои чекале мислење од други институции со кои биле поврзани.

-Тука морам да споменам дека кога стапив на должност се соочив со еден сериозен проблем каде што минатата власт оставила  преку 70 предмети нерешени, а краен рок за завршување на кампањата беше 31.12.2024 и ни останаа околу неполни 4 месеци за затварање на целиот овој програм. Се соочивме со еден предизвик каде моравме да најдеме начин да ги завршиме сите овие предмети кои чекаа одредено мислење од други институции кои бевме поврзани со нив – вели тој.

Стоилов потсети дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се занимава со исплата на средства по одредени програми кои ги носи Владата односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде тие исплати мораат да бидат поткрени со одредена документација или доказ за остварено производство, одредени капацитети, одредена инвестиција или слично.

 

Поврзани содржини