Николов: Филипче да се фати за работа и да ги спроведе мерките кои ги предлагаме, за да не ни се повторат жртвите
Како главно прашање кое треба прво да се реализира, според ВМРО-ДПМНЕ, е да се обезбеди што поголем број вакцини и да се изнајде начин граѓаните во поголем број да се имунизираат.
ВМРО-ДПМНЕ денеска предупреди дека ширењето на делта сојот во земјава може да предизвика нови проблеми на здравствениот систем и побара министерот заздравство да преземе навремени берки за да не се дозволи колап на системот.
– Доста е со ПР и со скапо платени реклами, наместо на сопствена промоција и пет минути слава, потребно е Филипче да се фати да работи и да не се дозволи повторно избувнување на пандемијата на есен. Делта сојот на КОВИД-19 се шири на секаде низ светот, а најголемиот број од државите дефинираа строги мерки за влез и излез во државата, со тестирање на граница или при слетување на аеродром, само во Македонија, се тера ПР ништо конкретно не се работи – рече на денешната прес-конференција Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ .
Според него, вакцинацијата се одвива незадоволително.
– Потребно е власта да изнајде механизам за стимулација и за анимирање на што поголем број на луѓе, но и да работи на набавка на нови вакцини. Никаде ги нема најавените купени вакцини кои што Зоран Заев ги најави од Фајзер и Спутник. Се што добивме се донации или вакцини кои се од КОВАКС. Филипче и Заев можат колку сакаат да зборуваат дека работат, но тоа не се гледа, ефектот е е мал односно незадоволителен – рече Николов.
Тој предложи 15 мерки кои треба да се спроведат за да не дојде до нов бран на коронавирус и нови бројки акко што ни се случуваа- 5.500 починати и повеќе од 160.000 заразени граѓани.
– Не смее да ни се повтори мерките и предлозите на Комисијата за заразни болести да се носат врз основа на политички барања и политички диктат, да имаме најниска процентуална стапка на вакцинација во регионот, потоа главна причина за кластери со ковид-19 да бидат повратниците од дијаспората, коишто не се доволно информирани каде треба да се тестираат, каде треба да се обратат при појава на првите симптоми. Не смее да ни се повтори пациентите да не можат да дојдат до тест за ковид-19 или да плаќаат баснословни суми за тестирање – рече тој.
Според него, не смее да ни се повтори, да има кревети, а да нема соодветен медицински третман. Пациентите да плаќаат баснословни суми за хоспитализација во ПЗУ.
– Не смее да ни се повтори пациентите да не можат да направат соодветни и навремени РТГ и лабораториски анализи и испитувања. Не смее да ни се повтори недоволно обучен персонал и кадар да раковоиди со високософистицирана и специфична терапија и опрема, здравствениот систем да остане без Универзитетски клиники за неврологија, очно, ушно и дерматовенерологија, да има недоволно функционални апарати за третман на пациентите, потоа дефицит на ЛЗО и не смее да се повтори пост ковид патологијата кај пациентите да не се знае каде да се лекува – рече Николов.
Тој смета дека треба да има зголемена контрола со тестирање на границите, широка достапност на тестови и масовната вакцинација.