НИКОЛА КАРЕВ ДО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, 1902 год.
„Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија“.
( писмо, првпат објавено на 5 мај 1968 г., во „Нова Македонија“, стр. 8 )
Писмото го реобјавувам како сеќавање на 4 мај, денот на погибјата на најголемиот македонски револуционер и национален херој Гоце Делчев, и погибијата на горскиот војвода Никола Карев, на 27 април 1905 год.
Драги Г(оце)
Моите извештаи стануваат се повеќе и повеќе само како голи констатации на оние свирепости и ѕверства што овој свет ги поднесува.
Одамна требаше да им се даде називот извештаи за несреќите и бедите на христијаните во Вилаетот.
Во Крушевско и Битолско стануваат секојдневно ноќни блокади на села, а многубројните афери фрлаат многу луѓе в затвор. Не треба да чекаме повеќе, Гоце. Време е да станеме и да се биеме. Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија, што ја засилува организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека „сите Македонци работеле за присоединувањето на Македонија кон Бугарија или Грција“.
Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам.
Драго ми е да Ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.
Н(икола)
„Сами ние да се бориме за наша Македонија.“
—————-
Македонци! Да го препрочитаме ова писмо. Тоа е адресирано и до сите нас. И до нас е повикот – „Сами ние да се бориме за нашата Македонија“.
Опозицијооо…! Македонија како филмска лента клизи…! Не го трошете времето во дневни препукувања со криминалните нациофашисти од власта! Повикајте го поделениот Македонски народ да се обедини, за сопствен спас, и со протести да ве поддржи во барањето за предвремени избори.
Започнатото уништување и бришење од земската светост на Македонската држава и Македонскиот народ од страна на осојузените нациофашисти во власта и соѕвездието групирано околу неа, може да се пресече само со возвратено политичко насилство. Друг спас, нема. Чекањето(?) е бегство својствено само на немоќниот, рамнодушниот и некадарниот. Неизбежно е соочување со згрибот врз кој лебди злото скриено во мракот на згрешениот пат по кој талкаме, и негово истерување со светлина букната од нашата свест.
Македонци! Пишувам исполнета со јад кој избива од мене… затоа што – еднаш доживеав да ми се ископачи прагот на татковиот дом, и да ми се израмнат гробиштата на моите предци. Не сакам, еден ден домовите да ни осамнат со туѓ белег… ниту гробовите да ни бидат сквернавени… Бездомен народ е безимен ропар. Кој нема своја татковина, нема ни свои гробишта. Без нив ни се брише минато, а иднина, без тие светли белези вдлабени како бедем во коренот на татковината, останува без ’ркулците на потомците…
Колку и да звучи пренагласено ова што го зборувам, во него има сурова и недоискажана вистина за разврската на случувањата. Ништо не може да се смета дефинитивно во еден зацртан, за нас туѓ план. Реализацијата зависи и од нас, кои сме поплочениот пат врз кој се гази… До кога ќе трпиме да нé газат?
Ова е време кога нечесниците лесно доаѓаат на власт и уште полесно се одржуваат на сметка на народот, ако тој послушно молчи и ги трпи со скуната глава. Време е да им се каже – доста!
– Да се каже доста и на продолжената рудиментирана опашка на власта, која е старо – нова инсталирана предавничка „Мрежата од македонско-бугарски клубови“. Посебно не, на домашните, „најистакнатите преставници,“ кои имаат историска одговорност, како туѓи платеници, за ќорсокакот во кој се наоѓа денеска македонскиот народ во својата македонска држава. Тие ќе ги дозаглибат, никако нема „да ги извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот“ во кој моментално се наоѓаат…“. Не се работи за никакво „зближување и соседство“, ниту за некакво „градење целосен (!?) процес за зближување меѓу двата народи“. Се работи за ново предавство во обид, со обновено замајување на Македонците, пред кои, докажаните неранимајковци сега, сакаат да се престават како „активно граѓанско општество“, работејќи во корист на Бугарите.
Тие, нечесници што нé донесоа во ќорсокакот, не можат, истите, како што велат – да нé извлечат. Тоа се старите кучиња кои одново се платени да лаат додека караванот минува, ама, надополнета е глутницата која ја водат со нови, гладни… Од нив, само со стап може да се одбраниме – да престанат да лаат!
Да се завртиме спрема себе, и како Македонци, здружени, да не се испуштаме самите себе, за да опстанеме загледани во нашиот заеднички интерес. Тоа е нашиот спас. На идните генерации така ќе им оставиме аманет од кој нема да се срамуваат еден ден кога ќе бидеме нивно минато, осознаени дека со отфрлена, погазена или предадена национална гордост, нема свесно живеење во сегашноста, ниту патоказ за иднината.
Ако нашата предавничка власт, го отфрла нашето историско минато и се плаши да го споменува, а со тоа го уништува нашето идентитетско постоење, ние – народот, да го славиме. А власта која се двои од народот, треба да биде отфрлена, како туѓинска.
Како народ да не ги заборавиме борците, бранители на Македонија: – Петковски, Трајковски, Костески, Јанески, Божиновски, Стојановски, Најдовски, Костадиновски, кои деновиве, во 2001 година загинаа на планинскиот пат меѓу тетовските села Селце и Вејце, од заседа нападнати, масакрирани и запалени, од балистичките терористички банди на УЧК. Сите на возраст од 20 до 30 години. Јас во Хаг ги гледав грозоморните фотографии од масакрот за време на судењето на Љубе Бошковски, додека син ми Никола ангажиран во адвокатскиот тим, го преведуваше текстот под нив, од македонски на англиски јазик.
Македонските предавници од власта, почит на залудно – баш така, загинатите млади животи од Вејце, како и многуте други бранители на татковината во 2001 година, не им одаваат на достоинствен начин. Тие не се грижат ни за живите, инвалидизираните, невработените… борци. Братски се поделија со ортакот во власта – секој на своја страна! Срамно! Со молчење, дури и со срамен повик за молчење…!?, со амин, одекнаа победничките говори во Слупчане, пред споменикот кренат во чест на паднатите балисти, од живите тогашни команданти на УЧК, разгордеени што во 2001 година ја нападнаа Македонија, а сега на качачки начин управуваат со неа, како втора половина од власта на расчеречената држава
Тоа само ние како сурат народ, го сторивме. Никој друг народ, пред и после нас, со таков чин на самопредаство не се обрукал.
Кога сé, самите поганивме, дали сме достојни за држава?
Држава која со гордост и почит не ги слави сеќавањата на своите дамари од народот, водена од македонци отпадници кои избегнуваат да го споменат името на Македонскиот народ и името на државата – Македонија, од страв да не им биде замерено од другата нивна половина од власта и будното око на џандарите кои од надвор ги инсталираа како слепци да нé водат до пеколот… нема иднина. На два паралелни патишта расчеречената Македонија, умира…
Македонци! – Живи сме, или во агонија замираме, помирени со сопственото самонепочитување, до исчезнување? Ако сме живи, треба да се бориме, за да опстанеме.
Зошто одобруваме тоа што не копачи, себе, на пиедестал да се слави? Зошто од нашите спомени го избришавме 27 април, денот кога во 1905 година, во месноста Свиланово, во близина на кочанското село Рајчани, на 28 години, за слободна Македонија загина Никола Карев, Претседаталот на Крушевската Република? Или си велиме – што ќе ни го претседателот кога Републиката ја избришавме од Уставот? Ќе ја бришеме и од химната, која нашите сурупучи и сега ја прескокнуваат? Како замена, во Македонското Собрание ќе слушаме да се пее албанската химна во дует со бугарска? Ама… овој пат, нашите деца ќе им ги држат знамињата…
Тука прекинувам. Секој кој ќе го прочита писаниево, нека си додава свое размислување…