НИКОЛ КИДМАН СЕ ПОТСЕТИ НА НАЈТЕШКИОТ МОМЕНТ ВО ЖИВОТОТ „Дознав дека мајка ми починала кога требаше да ја примам наградата на филмскиот фестивал во Венеција“

Холивудската актерка Никол Кидман откри дека за смртта на својата мајка дознала само неколку моменти пред да треба да излезе на сцена за да ја прими наградата за најдобра актерка на Венецијанскиот филмски фестивал во 2024 година

0

Никол Кидман проговори за еден од најтешките моменти во нејзиниот живот. Актерката откри дека за смртта на нејзината мајка дознала додека присуствувала на Венецискиот филмски фестивал во 2024 година, токму кога се спремала да излезе на сцената.

Тоа се случи во моментот што требаше да биде врв во нејзината кариера, а наместо тоа, тоа стана нешто што таа вели дека никогаш нема да го заборави.

Кидман рече дека се подготвувала да ја прифати големата награда за најдобра актерка за филмот „Бејбигрл“ кога ја добила веста.

– Се спремав да излезам на сцената и дознав дека мајка ми починала. Веднаш се вратив во собата во Венеција, си легнав во кревет и бев целосно скршена и си помислив: „Не знам како ќе продолжам понатаму или како ќе функционирам сега.“

Таа откри дека во текот на ноќта се обидела да замине од градот за да биде со семејството.

– Влегов во чамец ноќе, обидувајќи се да стигнам до аеродромот, а потоа се свртев и реков: ‘Не можам ни ова да го направам’ – раскажала таа.

Се вратила во хотелот и била сосема сама, без сопругот или децата, што го направила моментот уште потежок.

– Бев таму за да примам награда – нешто што требаше да биде убав момент. Тоа е контрастот на животот – додала таа.

Кидман истакна дека токму мајка ѝ ѝ дала сила да продолжи понатаму.

– Ми велеше: ‘Никогаш не дозволувај некој да ти го скрши духот’“, раскажала актерката додавајќи дека мајка ѝ ја охрабрила да не се откажува од кариерата кога во четириесеттите години почнале да се намалуваат улогите.

По тој совет, Кидман започнала да работи и како продуцент, а еден од првите проекти бил филмот „Зајачка дупка“ (Rabbit Hole), за кој подоцна доби номинација за Оскар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Актерката наскоро ќе ја гледаме во трилерот „Врв“ (Apex), кој пристигнува на Нетфликс, како и во продолжението „Практична магија 2“ (Practical Magic 2).

Покрај тоа, таа ќе глуми и во новите серии – „Марго има проблеми со парите“ (Margo’s Got Money Problems) и „Скарпета“ (Scarpetta).

 

Поврзани содржини