НИКОГАШ НЕ ПОЛАГАЛА ВОЗАЧКИ ИСПИТ Таа е единствената личност на светот која смее да вози без дозвола (ВИДЕО)
Да се биде кралица на Англија подразбира бројни одговорности и ограничувања, но тој статус носи со себе и повеќе несекојдневни привилегии. Така, меѓу нив се нашла и возачката дозвола, како документ којшто не е неопходен за кралицата на легален начин да вози автомобил.
Британскиот закон е формулиран на таков начин што никој нема правна основа да побара од кралицата возачка дозвола во ситуации кога таа е зад воланот. Јасно е дека ова се многу ретки ситуации, бидејќи е сосема невообичаено некој да ја пушти да вози, бидејќи, по правило, има возач.
Меѓутоа, ако таа одлучи да вози автомобил од хоби или опсесија, никој нема да има право да ја спречи во тоа поради фактот дека нема соодветна дозвола.
Прашањето што се поставува само по себе е дали самата кралица е свесна за овој сегмент на регулативата. Нема дилема дека тоа нејзе ѝе познато, иако никогаш во животот не ни одлучила да се обиде да полага возачки испит, пренесува АутоРепублика.
Покрај отсуството на обврската за поседување возачка дозвола, законодавецот обезбедил кралицата на Англија да не е задолжителна да има и сообраќајна дозвола, бидејќи нејзиниот автомобил нема регистарски таблички наменети за „обичните“ луѓе.