Пејачот Здравко Чолиќ долги години ужива во бракот со Александра, со која има две ќерки, Уна и Лара. Сепак, малкумина знаат дека оваа актерка била неговата прва љубов, пишува српски „Блиц“.
Првата љубов на Чола била Јасна Орнели Бери, позната актерка. На почетокот на седумдесеттите години во Сараево, каде што живееле и двајцата, дошло до средба помеѓу Чола и неа и веднаш се разгорела љубовта. Како што се зборувало тогаш, нивната љубов била искрена и голема, а за тој период сведочела и Јасна, но дури 47 години подоцна.
– Се запознавме многу млади, одамна. Отидовме на Скендерија, во Домот на младите, кој собра таленти, а таму не беа само музичари, туку и актери, сликари. Се дружевме и тука првпат се вљубив. Сите ние имаме прва љубов и секогаш ќе има еден дел во моето срце кој е резервиран само за него. Особено затоа што имав прекрасно искуство што ќе го паметам цел живот – истакнала оваа прекрасна актерка за еден босански медиум.
View this post on Instagram
Како што рекла, нивните патишта се разделиле, а првпат по војната се сретнале во Белград.
– Тоа беше многу емотивна средба. Здравко Чолиќ е личност која шири позитивна енергија. Тој го има тоа нешто. Сега, по толку години, успеал да го задржи. Тој е добар човек. Го сакав тој негов нерв, таа искра во окото којашто никогаш не престанува да зрачи – рекла Јасна тогаш и продолжила:
– Тоа и понатаму е љубов којашто не можете да ја помилувате и да ја држите за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј. Пред сѐ, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Noć mi te duguje“ – заклучила таа.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм