НИКАКО БРИТАНЕЦ НА ЧЕЛО НА НАТО! Макрон најави вето и си го навлече британскиот гнев

Оваа позицијата на Париз го става во непријатна ситуација британскиот премиер Риши Сунак, кој го нарече Макрон пријател.

1,315

Емануел Макрон го навлече гневот на британските пратеници откако најави дека ќе го блокира назначувањето на британскиот министер за одбрана Бен Валас за нов генерален секретар на НАТО. Францускиот претседател рече дека има намера да стави вето на назначувањето на кој било британски или турски кандидат за функцијата генерален секретар на Алијансата.

Англофобијата на Макрон е разочарувачка, но барем тој е доследен – изјави британскиот конзервативен пратеник Ендрју Бриџен. Друг пратеник на истата партија истакна дека позицијата на Париз го става британскиот премиер Риши Сунак, кој го нарече Макрон пријател, во непријатна ситуација.






Њујорк тајмс“ објави дека кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО, покрај Валас, се и канадската вицепремиерка и министерка за финансии Кристиа Фриланд, естонската премиерка Каја Калас, словачката претседателка Зузана Чапутова и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Поврзани содржини