НИЕ ЗНАЕМЕ ОДАМНА, А СЕГА ДОЗНАЛЕ И ЕКСПЕРТИТЕ Која е најдобрата терапија против стрес?
Дали забележавте дека добра половина од вашите пријатели на социјалните мрежи со доаѓањето на ерата на самоизолација се заинтересираа за готвење?
Се покажа дека залуденоста по рецептите на Џејми Оливер и Инстаграм блогерите не е помодарство, одраз на менталитетот на стадо, ниту обид да им покажете на другите дека сте најдобри, туку нормална одбранбена реакција на вашиот мозок.
Торта од микробранова печка, гурмански фетучини полнети со тартуфи или домашен боршч се само дел од кулинарските креации, а готвењето всушност испраќа две важни пораки до нашиот мозок – безбеден сум дома, а најдоброто допрва доаѓа.
Без разлика дали живеете сами или сте член на големо семејство, готвењето создава нов ритам или оптимистичка шема. Додавањето нов вкус, комбинација на бои, текстури и форми ни дава сигнал дека настаните околу нас се менуваат, трансформирајќи се на полежерен и позитивен начин.
Покрај тоа, ова е и поле на оживување на спомените.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.