Ни Вембли, ни Истанбул, финалето на ЛШ во Португалија

Португалија најверојатно ќе биде дестинацијата со оглед дека навивачите можат да патуваат и да присуствуваат на натпреварот.

379

Финалето на Лига на шампиони веројатно ќе се игра во Португалија, пренесуваат светски медиуми.

Натпреварот помеѓу Челси и Манчестер сити е преместен од Истанбул поради рестрикциите за патување помеѓу Велика Британија и Турција.






Сѐ уште не е одреден новиот домаќин, а како кандидат покрај Португалија се споменува и стадионот Вембли во Лондон.

Португалија најверојатно ќе биде дестинацијата со оглед дека навивачите можат да патуваат и да присуствуваат на натпреварот.

Можни стадиони за натпреварот се Порто и Лисабон.

Финалето на ЛШ би требало да се одигра на 29 мај.

Поврзани содржини