НИ СЕ УРНА КУЌАТА, СИНОТ ОСТАНА ПРИКЛЕШTЕН ВО ВРАТАТА Спасуваат мајка и две деца кои останале отсечени
Кога водата се повлече, бевме без ништо, ништо не земавме, ниту документација, само побегнавме кај соседот. Ни се урна куќата, вели жител на Бутуровиќ Поље
Поплавите по поројните дождови ноќеска направија огромна штета и во Бутуровиќ Поље кај Коњиќ. Еден од стотиците Босанци кои ги загубиле куќите во природната катастрофа е во поплавите е и Ќазим Бутуровиќ, кој за klix.ba раскажа што се случило.
– Ноќеска во три и пол се слушна само врева. Водата влезе на предниот кат од куќата. Син ми скокна, вратата го приклешти, едвај го спасивме. Таму беа моите двајца внуци, снаата и сопругата. Кога водата се повлече, бевме без ништо, ништо не земавме, ниту документација, само побегнавме кај соседот. Ни се урна куќата – рече тој.
Вели дека неговата куќа вредела 250.000 км, имал парно, гаража и автомобил кој го однела водата. Поплавата, исто така, му ги однела кравата и шталата.
На подрачјето општина Крешево бројни населени места се отсечени од светот, а градоначалникот на Ренато Пејак изјави дека штабот на цивилната заштита организира бројни интервенции на терен. Моментно се спасуваат мајка со две деца.
– Сега сме во селото Којсина. Ова село е оставено без пристапен пат, неколку километри, воопшто нема пат. Поројот минува низ селото – вели Пејак.
Тој додава дека штетите ќе се санираат со денови, но дека најважно што таму нема повредени или жртви.
– Имаше луѓе чии животи беа во опасност, утринава имавме две интервенции. Во моментов во тек е спасувачка акција во населеното место Гуњани. Припадниците на Горската служба спасуваат мајка со две деца во куќа која е отсечена од светот, а јас верувам во позитивен исход. Тоа се апокалиптични сцени. За кратко време падна толку многу дожд, па малите потоци станаа големи реки, а Крешевка од поток се претвори во голема река што носи мостови – вели Пејак.
Во поплавите загинаа 14 луѓе, а многумина се исчезнати.