НЕЗАВИСНАТА КАНДИДАТУРА МУ ПРЕСУДИ НА ДИМИТРИЕВСКИ Исклучен е од членство во СДСМ

Не е познато кој партиски орган ја донел одлуката за Димитриевски, но од СДСМ се повикуваат на Статутот.

3,022

Максим Димитриевски  градоначалник на Куманово веќе не е член на СДСМ. Тоа денеска го соопшти генералниот секретар на партијата кој се повика на Статутот.

– Во Куманово  одиме со Оливер Илиевски бидејќи актуелниот Максим Димитриевски не е повеќе член на СДСМ.  Димитриевски сам се исклучи од партијата. Самиот отиде против себе, против СДСМ, против граѓаните –  рече Николовски.






Не е познато кој партиски орган ја донел одлуката за Димитриевски, но од СДСМ се повикуваат на Статутот.

– Согласно статутот на СДСМ, со ваквата одлука на Димитриевски автоматски се исклучува од членството во СДСМ – вели извор од партијата.

Димитриевски изиматиот викенд соопшти дека оди како независен кандидат за втор мандат во Куманово заедно со независна советничка листа.

Поврзани содржини