НЕЗАБОРАВНА АВАНТУРА Во британски град може да користите тенк како такси (ВИДЕО)
Кога возам по улица, луѓето се забавуваат. Никој не се плаши од оклопниот транспортер, вели гордиот сопственик.
Британец нуди необична услуга, за 1.000 долари секој може да се провози со неговиот „такси – тенк“.
Мерлин Бечелор од англискиот град Норвич, всушност, поседува оклопен транспортер – воена машина која неверојатно личи на тенк.
Тој вели дека возилото е купено старо и има потреба од поголеми поправки.
– Откако дадов 35.000 долари за да го вратам на вистинскиот пат, соседите, пријателите и познаниците почнаа да ме прашуваат дали можам да го користам оклопниот транспортер за да одат на свадба или на бал – рече Мерлин. Така настанала идејата за овој деловен потфат.
– Кога возам по улица, луѓето се забавуваат. Никој не се плаши од оклопниот транспортер – вели гордиот сопственик.
Тој додаде: „Се испостави дека осигурувањето на блендираната машина е многу поевтино од она на мојот автомобил“.