📽️ НЕВИДЕН СКАНДАЛ, САУДИЕЦ КАМШИКУВАЛ ИГРАЧ НА АЛ ИТИХАД! Ова го има само во Саудиска Арабија!

Стрелецот на единствениот гол за Ал Итихад се приближи до трибините и во таа прилика влезе во вербален конфликт со гледач кој беше облечен во традиционална арапска носија.

808

Фудбалерите на Ал Хилал победија во финалето на Суперкупот на оваа земја Ал Итихад со 4:1, а дуелот го одбележа инцидентот во кој дојде до незаборавен скандал кој брзо го обиколи светот.

Веднаш по крајот на мечот се видени грозоморни сцени, каде еден навивач, очигледно побогат, го камшикува фудбалерот на Ал Итихад, играчот Абдеразак Хамдал!?






Стрелецот на единствениот гол за Ал Итихад се приближи до трибините и во таа прилика влезе во вербален конфликт со гледач кој беше облечен во традиционална арапска носија.

Мароканскиот фудбалер го полил со вода навивачот, а овој извадил камшик и почнал да го удира Хамдал, кој во шок добил два удари, а потоа побрзал да ја прескокне оградата и да се пресмета со напаѓачот.

На помош на својот соиграч му пријдоа и останатите фудбалери на Ал Хилал, но посериозниот инцидент го спречија редарите, кои ги разделија конфликтните страни.

Ал Хилал е водечка екипа на табелата во првенството на Саудиска Арабија, ќе игра во полуфиналето на азиската Лига на шампиони.

 

Поврзани содржини