Неверојатно: Како изгледа Венеција без туристи, каналите никогаш не биле толку чисти ВИДЕО

2,445

Поради епидемијата на новиот коронавирус, социјалниот живот во Италија не постои веќе со недели. Продавниците не работат, освен оние за снабдување со основните намирници, затворени се и баровите и рестораните.

Бројот на туристи е намален енормно, улиците во Фиренца, Рим и Венеција се пусти.






Во градот во лагуната, сепак, кризата ја покажа и својата позитивна страна: на фејсбук-страницата „Венеција Пулита“ (Чиста Венеција), граѓаните објавуваат импресивни фотографии од чисти канали.

Преку кристално чиста вода, рибите се гледаат на дното на морето, а порталот „Ваи Елетрико“ пишува дека природата деновиве се опоравува од масовниот туризам и загадувањето.

„Конечно има повеќе птици“, напишал еден од жителите на Фејсбук.

„Неверојатно“, со воодушевување коментирал другиот.

За жал, никој не верува дека ќе остане на тој начин.

„Кога кризата конечно ќе помине и кога повеќе ќе немаме чиста вода и риби, ќе ни недостига“, напишал еден корисник.

Image

Поврзани содржини