НЕВЕРОЈАТНИ 17 МИЛИОНИ ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА Aприл се одјави во голем стил
Семејството среќни добитници на Видеолотарија Касинос Австрија го надополнија и играчите кои освоија мини џекпот во вкупна вредност од 3.691.547 денари.
Поминаа неверојатни десетина дена за играчите на Видеолотарија Касинос Австрија, исполнети со три Милионер џекпот добивки и еден Супер милионер џекпот. Ако на тоа се додадат и добивките од Мини џекпот, вкупната доделена сума доаѓа до фантастични 16.943.025 денари.
– Последните десет дена од април почнаа со Милионер џекпот во село Делгожди, Струга, каде беше регистрирана највредната добивка. Нашиот среќен играч освои 1.724.127 денари. Вториот, велигденски Милионер џекпот го регистриравме попладнето на 23 април, во објект на „Спортлајф“ во скопската населба Аеродром. Неговиот износ е 1.365.585 денари. Најтазе е милионерот кој доаѓа од Тетово. Утрото на 28 април, кај нашиот соработник „Евротип“, му ја донесе добивката на неговиот живот, џекпот вреден 1.697.283 денари. Дури и ова е доволно за да кажеме дека месец април се одјави во голем стил, но тука не заврши возбудата. На истиот ден, но неколку часа подоцна, регистриран е Супер милионер џекпот во Бананакицк во Велес, а неговата вредност изнесува 8.464.483,00 денари – велат од Видеолотарија.
Семејството среќни добитници на Видеолотарија Касинос Австрија го надополнија и играчите кои освоија мини џекпот во вкупна вредност од 3.691.547 денари.
Пролетта дефинитивно стигна кај играчите на Видеолотарија Касинос Австрија, а многу од нив допрва ќе ги огрее среќен час со милионер и Супер милионер џекпот.