„НЕТФЛИКС“ ЌЕ ГО СКРИЕ ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ ОД СЕРИЈАТА „ИГРА СО ЛИГНИ“ Жена се пожалила дека сите ѝ се јавуваат
Новата јужнокорејска серија, која стана апсолутен хит, зборува за натпреварувачи кои се повикуваат број за да учествуваат во играта за живот и смрт.
„Нетфликс“ соопшто дека ќе го скрие бројот што се појавува во нивната популарна серија „Игра со лигњи“, откако една жена се пожалила дека добила голем број повици.
Новата јужнокорејска серија, која стана апсолутен хит, зборува за натпреварувачи кои се повикуваат број за да учествуваат во играта за живот и смрт.
Деловна жена од Сеонџу, југоисточна Јужна Кореја, за локалните медиуми изјавила дека добила илјадници пораки и повици на нејзиниот телефон, до тој степен што ѝ било тешко да го продолжи секојдневниот живот, пишува Би-би-си.
– На почетокот не знаев зошто, но една пријателка ми рече дека мојот број излегол во „Игра со лигни“ (Squid Game) и тогаш сфатив за што се работи – рекла таа.
Се наведува дека жената ги одбила понудите за отштета до пет милиони вони.
– Ова е број што го користам повеќе од 10 години, па прилично сум изненадена. Постојат повеќе од 4.000 броеви коишто морав да ги избришам од мојот телефон – рекла таа.
„Нетфликс“ не ги коментираше понудите за отштета, но ги повика фановите на серијата да се воздржат од повикувањето на бројот.
„Заедно со продуцентската куќа, работиме на решавањето на ова прашање, вклучително и на уредувањето сцените со телефонските броеви каде што е потребно“, рекле од „Нетфликс“ во средата.
Серијата првпат се емитуваше на 17 септември, а „Нетфликс“ вели дека за само 10 дена достигнала прво место во 90 земји.
ФОТО: Јутјуб