НЕТАНЈАХУ ЗАКРЕПНУВА ВО БОЛНИЦА Добро помина операцијата на израелскиот премиер

Болницата „Хадаса Ајн Керем“, во која се оперирал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека операцијата била успешна и дека тој се разбудил од анестезија и разговара со семејството.

214

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху закрепнува во болницата „Хадаса Ајн Керем“ во Ерусалим откако доцна синоќа беше опериран од хернија (кила), објави денеска Тајмс оф Израел.

Болницата соопшти дека операцијата била успешна и дека Нетанјаху се разбудил од анестезија и разговара со семејството, пишува весникот.






– Состојбата му е совршена – изјавил професорот Алон Пикарски кој е шеф на општата хирургија.

Во соопштението на болницата се наведува дека кардиологот бил дел од медицинскиот тим на премиерот за време на операцијата. Лани му бил вграден пејсмејкер на Нетанјаху за да спречи срцеви аритмии.

На израелскиот премиер во саботата му била дијагностицирана хернија за време на рутински преглед.

Додека Нетанјаху бил на операција, премиерската функција привремено ја презел министерот за правда Јарив Левин кој е и негов заменик.

Поврзани содржини