НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Утринска магла, попладневен дожд и снег во повисоките предели
Претпладне слаб локален дожд и појава на магла по котлините, а кон крајот на денот врнежи од дожд во западните делови и снег на планините.
Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 во Берово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 8 во Маврово и 18 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 15 степени.
В недела нѐ очекува променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 8 степени до 14 степени.
Според прогнозата на УХМР, облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места во понеделник. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 5 степени до 10 степени.