НЕСРЕЌА СО ТРАКТОР ВО РЕКАНСКИОТ КРАЈ Почина жител на Скудриње

Несреќата се случила во близина на Скудриње, а според првичните информации тракторот со приколка се превртел откако возачот изгубил контрола.

0

Шеесет и седумгодишен жител на селото Скудриње загинал во несреќа со трактор што се случила вчера попладне во мавровско-реканскиот регион.

Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше. Несреќата се случила на место викано „Мустана нива“, каде што бил пронајден починатиот М.С. (67) од Скудриње.






Според првичните информации, тој управувал трактор со приколка, но во еден момент изгубил контрола, по што возилото се превртело. Од тешките повреди што ги добил, мажот починал на самото место. Смрт констатирал лекар.

На местото на несреќата извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата.

Поврзани содржини