НЕОБИЧНА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ТЕТОВО – СКОПЈЕ Загина еден човек, а двајца се повредени

Полицијата соопшти дека нереќата се случила вчера попладне  кај „Требошки надвозник“.

5,830

Еден човек е усмртен, а двајца повредени во необична сообраќајна несреќа на патот Тетово – Скопје кога две возила кои се судриле удриле во паркирани кола и камион.

Полицијата соопшти дека нереќата се случила вчера попладне  кај „Требошки надвозник“.






Според пријавата во полицијата прво се судриле „голф“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.А.(33) од с.Требош и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(34) од Скопје. Потоа двете возила се  удриле во паркиран „опел зафира“ на Ш.К.(49) од Тетово и товарно возило „пежо“,  на Е.К.(27) од Тетово, двете  со тетовски регистарски.

„На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник во товарното возило „пежо“ и бил излезен од возилото. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „пежото“ Е.К. кој исто така бил надвор од камионот, а со телесни повреди се здобил и сопатникот од возилото „голф“, Е.Љ.(31) од Тетово.

Тројцата се пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде што се констатирани повредите и смртта.

Извршен е увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Поврзани содржини