НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА СОПРУГОТ НА НИКОЛИНА ПИШЕК Брзата помош само ја констатирала смртта
Информацијата за српскиот портал „Нова.рс“ ја потврдила Николина. Скршената водителка немала сила да каже ништо повеќе.
Ноќеска на 44-годишна возраст ненадејно почина Видоје Ристовиќ, сопруг на хрватската водителка и актерка Николина Пишек.
Информацијата за српскиот портал „Нова.рс“ ја потврдила Николина. Скршената водителка немала сила да каже ништо повеќе.
Ристовиќ починал ненадејно, а Брзата помош можела само да констатира смрт.
Само неколку часа пред неговата смрт, тој на својот профил на Инстаграм објавил фотографија од Уна Софија од посетата на музејот Тисен во Мадрид.
Ристовиќ бил српски историчар на уметноста, роден во 1978 година во Белград. Од првиот брак ја имал ќерката Матеа, а во декември 2014 година Николина и Видоје ја добија ќерката Уна Софија.