Принцезата Марија Галицин, една од роднините на австрискиот император Карл Први, почина на 31-годишна возраст, откако ненадејно доживеала руптура на аневризма во срцето.
Веста е потврдена со објавување на некролог во магазинот „Хјустон хроникал“, а последното збогување се одржало пред една недела.
– Нашата Марија почина во Хјустон наутро, во понеделникот, 4 мај 2020 година, од ненадејно пукнување на аневризма на срцето. Родена е во 1988 година во Луксембург.
Марија (31) живеела во Хјустон со партнерот Риши Синг и двегодишниот син Максим, а доживеала пукнување на аневризмата на 4 мај, и тоа само шест дена пред нејзиниот 32-ри роденден.
Марија била ќерка на рускиот аристократ и принц Пјотр Галицин и надвојвотката Марија Ен од Австрија, ќерка на надвојводата Рудолф од Австрија.
Рудолф бил најмладиот син на царот Карл Први од Австрија и царицата Зита од Бурбон-Парма, инаку последниот австриски цар и царица.
ФОТО: Фејсбук