НЕМА ЗОШТО ДА СЕ БАВАМ СО КАНДИДАТИ КОИ ЗНААТ ПОМАЛКУ ОД МЕНЕ Стевче Јакимовски вели „кога тие би биле на мое место ни 3.000 потписи не би собрале“

Мојата програма е најцеловита, имам 17 точки. Пендаровски има пет точки кои не можеш да ги разбереш, а е актуелен претседател пет години, немам зошто да се бавам со нив, прво не се интересни, помалку знаат од мене, очигледно некои од нив кога би биле на мое место не можат ни 3.000 потписи да соберат, вели Јакимовски кој додава дека претседател на држава не може да биде дежурен кавгаџија.

436

Мојата програма е најцеловита, немам зошто да се бавам со кандидати кои не се интересни и знаат помалку од мене истакна во денешното гостување во „360 степени“ на МРТ 1 претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Јас не ставам при срце што зборува Мицкоски, за мене тој е нерелевантен како човек и како политичар – вели Јакимовски.






Јакимовски смета дека Максим Димитриевски е во една скриена коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски треба да ја одигра улогата за промена на Уставот по изборите.

– Сите кои му сметаме по прашањето за промена на Уставот, што нашиот став е да го затвориме бугарското прашање комплетно, вели дека сме измеќари – вели Јакимовски и додава:

– Мојата програма е најцеловита, имам 17 точки. Пендаровски има пет точки кои не можеш да ги разбереш, а е актуелен претседател пет години, немам зошто да се бавам со нив, прво не се интересни, помалку знаат од мене, очигледно некои од нив кога би биле на мое место не можат ни 3.000 потписи да соберат – вели Јакимовски кој додава дека претседател на држава не може да биде дежурен кавгаџија.

Мојата реторика е во насока на смирено делување, сè што сакаме да кажеме можеме да кажеме без агресија и тешки зборови. Созреавме во политиката и нема прашње на кое сталожено не можеме да му пријдеме, истакна Јакимовски.

Поврзани содржини