НЕМА ЗАТВОР, НО ИМА СРАМ ЗА НЕДВЕД И ЗА АЊЕЛИ Екс-шефовите на Јувентус се спогодија за условни казни
Судијката Ана Марија Гавони ја прифати спогодбата за признавање вина на поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, и на поранешниот потпретседател Павел Недвед. Пресудата не подразбира реално служење на казната, но исто така, според законот, таквата спогодба не претставува признавање вина.
За Андреа Ањели условна казна од 1 година и 8 месеци, за Павел Недвед 14 месеци, пресече судот во Рим во еден од најгласните спортско-финансиски скандали во италијанската историја.
Обвинителите тврдеа дека Јувентус ги лажирал финансиските извештаи, особено трансферите и платите на играчите за време на пандемијата на ковид- 19. Случајот првично се водеше во Торино, а потоа беше префрлен во Рим во 2023 година.
Судијката Ана Марија Гавони ја прифати спогодбата за признавање вина на поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, и на поранешниот потпретседател Павел Недвед. Пресудата не подразбира реално служење на казната, но исто така, според законот, таквата спогодба не претставува признавање вина.
Фудбалскиот гигант Јувентус е казнет со 156.000 евра, откако самиот клуб објави дека прифатил спогодба „во најдобар интерес на самата компанија, нејзините акционери и сите засегнати страни“.
„Јувентус ја потврдува исправноста на своето однесување и одбраната“, наведено е во соопштението.
Во јуни, откако обвинителството ги обвини челниците за манипулација со берзата, лажно фактурирање и попречување на правдата, Ањели и дел од поранешната управа побараа судска спогодба. Обвиненијата против поранешниот извршен директор Маурицио Аривабене, се отфрлени.