НЕМА ВОЈНА И НЕМА НАФТА ЗА МАДУРО? Гвајана и Венецуела се заложија дека ќе избегнат конфликт, преговорите во дипломатски раце
Али носеше нараквица на која беше прикажана мапа на Гвајана која го вклучува Есекибо и повтори дека спорот мора да се реши преку Меѓународниот суд на правдата(МСП). Венецуела во изјавата повтори дека не го признава МСП. Двете земји, сепак, се обврзаа дека ќе избегнуваат употреба на сила или каква било ексалација на тензиите.
Гвајана и Венецуела во четвртокот се договорија да избегнат каква било употреба на сила и да не ги ескалираат тензиите во нивниот долгогодишен спор околу областа богата со нафта Есекибо, пишува Ројтерс.
Есекибо, кој ја зафаќа речиси половина Гвајана, има површина од 160.000 квадратни километри и во голем дел е покриен со џунгли. Иако е признаен како дел од Гвајана, во последниве години Венецуела се заинтересира за регионот откако се откри дека под почвата има големи количини нафта и гас.
Тензиите се зголемија откако претседателот на Венецуела Николас Мадуро најави дека ќе копа за нафта.
Исто така Венецуела неодамна одржи неуспешен референдум со мала излезност во врска со тоа дали граѓаните сакаат Венецуела да го припои регионот. Сепак, од оние кои се појавија да гласаат, повеќе од 90 отсто заокружија „да“. Ова ги зголеми стравувањата од можен конфликт, а Гвајана, Венецуела, и Бразил ги активираа своите војски на границите со Гвајана.
Сега, со новата заедничка изјава, земјите рекоа дека „во никој случај нема да се закануваат или употребуваат сила една против друга“ и дека „ќе се воздржат, без разлика дали со зборови или со дела, од ескалација на каков било конфликт или несогласување“.