🎥 НЕМА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО БЕЗ ШАКИРА! Социјалните мрежи гореа по настапот на Шакира на отворањето на Мундијалот
Настапот на Шакира на церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, при што многумина ја прогласија за заштитно лице на Мундијалот.
Шакира повторно стана една од главните теми на Светското првенство. Колумбиската музичка ѕвезда го отвори фудбалскиот спектакл изведувајќи ја официјалната химна „Даи Даи“ заедно со Бурна Бој на стадионот Ацтека во Мексико Сити, а нејзиниот настап предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Но, додека некои тврдеа дека нема да има вистинско Светско првенство без неа, други останаа убедени дека жената на сцената воопшто не е вистинската Шакира.
Многу од коментарите беа позитивни, а бројни корисници на социјалната мрежа X се согласија дека Шакира станала еден вид симбол на најголемиот фудбалски настан.
Но, не беа сите убедени дека ја гледаат познатата Колумбијка. Имено, на социјалните мрежи почнаа да кружат теории дека всушност станува збор за нејзина двојничка на сцената, а не за вистинската Шакира.
Сепак, без оглед на теориите на заговор и дискусиите за нејзиниот изглед, едно е јасно – Шакира повторно успеа да стане една од најзборуваните личности на церемонијата на отворањето на Светското првенство.
И судејќи според реакциите на публиката, многу фанови сè уште веруваат дека најголемиот фудбалски спектакл едноставно не е комплетен без жената што му ја подари на светот незаборавната „Waka Wakа“ пред 16 години.
View this post on Instagram
Шакира ја изведе официјалната песна на првенството „Dai Dai“ заедно со Бурна Бој.
По настапот, колумбиската поп-ѕвезда се огласи на Инстаграм за да повика на мир, радост и единство низ целиот свет на ова Светско првенство.
– Пред сè, да се сетиме на нашите мали шампиони кои чекаат можности, како што е образованието, за да можат да напредуваат во животот. Подготвени сме! – напиша таа.
Покрај Шакира, меѓу ѕвездите кои му посакаа на светот добредојде во Северна Америка, каде што се одржува СП оваа година, беше и Салма Хајек.
Како амбасадор на Светското првенство во 2026 година, актерката од Мексико носеше црвен костум додека го држеше воведниот говор на церемонијата на стадионот Ацтека во Мексико Сити.
– Заедно со Канада и Соединетите Американски Држави, го поздравуваме целиот свет додека ги примаме знамињата на 48-те нации кои се квалификуваа за Светското првенство во Мексико 2026 година. Длабоко сме почестени што отворањето на оваа прекрасна фудбалска традиција – која нè обединува сите нас и живее во Мексико и во духот на играта – се одржува тука. Viva México y viva Fútbol – рече таа на шпански пред првиот натпревар помеѓу Мексико и Јужна Африка.
Музика во спортскиот свет донесе и Џ. Балвин, кој на публиката ѝ подари жива мешавина од неговите хитови, вклучувајќи ја и „Que Calor“ од 2018 година. Потоа го донесе на сцената Кастро за дует на нивната нова песна „Una A La Vez“.
Други изведувачи беа Тила, којa ја изведе националната химна на Јужна Африка, и Алехандро Фернандез, кој ја отпеа мексиканската национална химна.