Нема шеги за коронавирусот, некои се закануваат и со затвор
Оваа година малкумина се во добро расположение бидејќи бројот на починати во светот расте, додека милијарди луѓе се дома во некаква форма на изолација.
Денес е 1 април, глобален ден на шегата, но владите ширум светот предупредуваат дека за време на пандемијата не треба да има хумор поврзан со смртоносниот вирус, а во некои случаи се закануваат и со затвор.
На 1-ви април семејствата, корисниците на Интернет и корпорациите традиционално прават шеги на штета на најблиските, пријателите, деловните соработници … Оваа година малкумина се во добро расположение бидејќи бројот на починати во светот расте, додека милијарди луѓе се дома во некаква форма на изолација.
„Гугл“, компанија позната по првоаприлските шеги, ги извести своите вработени дека треба „да ја прескокне оваа традиција од почит кон секој што се бори против пандемијата „Ковид-19“, според интерната порака до која дојде „Бизнис Инсајдер“.
Пандемијата веќе ја следат голем број на дезинформации на светската интернет мрежа, што им отежнува на владите да ги заштитат своите граѓани. Некои администрации се закануваат дури со затворска казна за шеги поврзани со вирусот. Тајван, кој служи како модел за успешна борба против вирусот, ги предупреди граѓаните кои шират гласини дека може да завршат во затвор до три години и да платат казна од 100.000 американски долари.
– На денот на шегата, можеме да бидеме хумористични ако треба, но не можеме да направиме пандемски шеги за да избегнеме кршење на законот – напиша претседателот Каи Инг Вен на „Фејсбук“.
Министерството за здравство побара да не се прави пандемиска шеги и истакна дека треба да се имаат предвид работниците во првите редови на епидемијата. Тајланд зазеде сличен став и се закани со до пет години затвор за оние што прават шеги за болеста „Ковид-19“.
Во Индија, земја позната по ширење дезинформации преку услугата „Вокап“, политичарите упатија слични повици.
– Владата нема да дозволи никој да шири гласини и паника за кронавирусот“, напиша министерот за внатрешни работи Анил Дешмук, на „Твитер“.
Многу познати компании кои се шегуваа јавно на 1 април последниве години, сега ја прескокнуваат традицијата.
– Препорака до сите ПР агенции кои планираат шеги на 1 април. Само не го правете тоа – објави Џејмс Херинг од лондонската агенција за односи со јавност „Тејлор Херинг“.