НЕМА ШАНСИ ДА ГО НАПУШТИМЕ ПАРЛАМЕНТОТ Следуваат протести, вечерва ќе ги договориме деталите
Мицкоски истакна дека ИК вечерва ќе одлучи за понатамошните чекори на партијата во однос на активната блокада потенцирајќи дека во партијата ќе се отвори дебата, а како што рече се е на маса, освен напуштање на парламентот.
Сѐ е на маса, само не е напуштање на Парламентот, тоа задоволство нема да го има оваа власт. Нема да го напуштиме Парламентот за да можат тие од Законот за марихуана па наваму сѐ да си поминат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавувајќи дека Извршниот комитет на партијата вечерва ќе носи одлука за натамошните чекори околу блокадата и бојкотирањето.
– Па нели според СДСМ и ДУИ нема блокада, ја совладале блокадата. Јас така знам, тие велат ја совладале блокадата и нема блокада и Собранието си функционира нормално, ама затоа секаде каде што одат по амбасади коленичат и цимолат дека ВМРО-ДПМНЕ им го блокирало Парламентот. Ако мислат дека ако ние ќе го напуштиме Парламентот е нешто што тие најмногу го сакаат Зоран Заев преку Ковачевски и Талат Џафери за да може сѐ да си поминат, она коешто во овој момент е против интересите на народот и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира. Ние кажавме сѐ што е за интересот на граѓаните, сѐ што е за интересот на народот, сѐ што е за интересот на Македонија, повисоки плати, повисоки пензии, субвенции за земјоделците, помош за стопанството ќе го поддржиме. Сѐ она кое што цениме дека е спротивно на интересите на народот и граѓаните ќе го блокираме и така ќе се однесуваме во иднина – рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ИК вечерва ќе одлучи за понатамошните чекори на партијата во однос на активната блокада потенцирајќи дека во партијата ќе се отвори дебата, а како што рече се е на маса, освен напуштање на парламентот.
– Вечерва ќе имаме ИК. Имаме ние демократска атмосфера на одлучување, треба да отвориме дебата, да може да слушнеме и останатите членови на Извршниот комитет што ќе кажат и ќе излеземе многу скоро со динамиката на активностите. Но, сѐ е на маса, само не е напуштање на Парламентот, тоа задоволство нема да го има оваа власт, да го напуштиме Парламентот за да можат од Законот за марихуана па наваму сѐ да си поминат – кажа тој.
На прашањето дали следен чекор се можни протести, Мицкоски не ја исклучи можноста.