Нема позитивни на ковид-19 кај нас, се чека повик од ИХФ за настап на Мундијалот

До евентуалниот повик од Египет, македонските ракометари ќе бидат во карантин, а дали ќе бидеме дел од Мундијалот останува да се почека до утре.

252

На последното тестирање комплетната машка ракометна репрезентација на Македонија има негативни резултати и составот предводен од селекторот Данило Брестовац е подготвен да патува за Египет доколку следи повикот од ИХФ за пополнување на евентуално упразнето место доколку некоја од селекциите не може да настапи на Светското првенство.

До евентуалниот повик од Египет, македонските ракометари ќе бидат во карантин, а дали ќе бидеме дел од Мундијалот останува да се почека до утре.






Во моментов неколку селекции кои се дел од шампионатот имаат проблем со позитивни резултати на инфекција со коронавирусот. Селекцијата на САД има дури 18 позитивни играчи, Зеленортските острови имаат седум, а независна ситуација се и репрезентациите на Шведска, Бразил и Чешка кои до последен момент го пролонгираат заминувањето за Египет.

Покрај Македонија статус на резерва има и Швајцарија, која исто така го чека повикот од страна на Светската ракометна федерација.

Поврзани содржини