НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ БРЗА СО УКИНУВАЊЕТО НА „ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА“ И од СДСМ и од ДУИ се против организирање на предвремени избори

Предвремени избори нема да има порачаа и од СДСМ и од ДУИ, а за измени на Законот за влада потребен е консензус на четирите најголеми партии Скопје.

400

ДУИ смета дека какви било промени на Законот за влада заради укинување на т.н. пржинска Влада треба да се направат во согласност со најголемите политички партии. Од партијата велат дека начелен договор постои за укинување на оваа техничка или пржинска влада, но, дека предлогот треба да биде по постигнат консензус за таквото решение. За таков консензус има време, велат од партијата, оти предвремени парламентарни избори нема да има, туку редовни во 2024 година.

-Предлог-законот се разгледува од нас како партија. Имаме време пред нас, за да се анализираат најдобрите решенија околу ова прашање, евентуално и други прашања кои би требало да се дорегулираат во Законот за владата – рече Адеми.  






Немаме против, вели Адеми и додава дека ДУИ има договор и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката или пржинската влада.  

-Вие знаете дека секогаш за ваквите законски решенија претходеле преговори, дискусии помеѓу политичките партии и затоа не е добро еднострано да се предлагаат. Затоа велиме дека врз основа на тој договор постигнат помеѓу ДУИ и двете најголеми политички партии од македонскиот блок треба да се реализира, но, секако за тоа треба консензус помеѓу политичките партии за да се преточи во конкретни законски одредби – изјави Адеми.  

Тој додде дека немале време да го разгледаат Предлог-законот, но, како што потенцира, за него или пак за измени и дополнување на Изборниот законик или за донесување на потполно нов изборен законик треба да има преговори, широк консензус – меѓуетнички и меѓупартиски.

-Ние избравме влада, максимално ѝ даваме поддршка на владата. Парламентарните избори се предвидени во 2024, така што ние сме концентрирани на реализирање на владината програма. За таа програма дадовме доверба, гласавме и за кадровските решенија, но и за програмските определби на владата, така што максимално сме фокусирани на политиките, на мерките и проектите кои се предвидени во владината Програма – рече Адеми.

Предвремени избори нема да има порачаа и од СДСМ, а за измени на Законот за влада потребен е консензус на четирите најголеми партии Скопје.
– ВМРО-ДПМНЕ беше против укинувањето на техничката влада откако ги изгуби изборите во 2016 година, иако таа требаше да биде само за тие избори. Добро е што сега ВМРО-ДПМНЕ по толкав период признава дека нашата држава има институции кои можат да спроведат фер и демократски избори и за разлика од 2016 година кога државата беше категоризирана како заробена, денеска е држава која може да спроведе фер, демократски и слободни избори признаени од сите – изјави координаторот на СДСМ Јован Митревски.
Тој појасни дека во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на „пржинската влада“ СДСМ спори две работи – прво спорен е начинот на кој е доставен предлогот, односно не се консултирани другите партии. – Според Пржинскиот договор за какви било измени на Законот за влада треба да има консензус меѓу четирите најголеми политички партии во Собранието, а не на ваков начин со еднострано изразена волја на една партија – рече Митревски.
Втор спорен момент, како што рече тој, е тајмингот на поднесување на овој закон.
– Сите знаеме дека предвремени парламентарни избори нема да има. Ќе има редовни избори во 2024 година и фактички има време четирите најголеми политички партии да дискутираат и да имаат политички консензус по однос на техничката влада – рече координаторот на СДСМ.
Поврзани содржини