НЕМА ПОТРЕБА ДА ОДИТЕ ВО БАНКА Претставени нови услуги на НЛБ во апликацијата мКлик

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит.

1,949

Од денеска, клиентите на НЛБ Банка можат со само неколку кликања преку мобилниот телефон да аплицираат за кредитна картичка или да побараат зголемување на лимитот на постоечка картичка, благодарение на новите функционалности во мКлик мобилната апликација.

Со оваа дигитална надградба, НЛБ Банка продолжува да ги носи традиционалните банкарски услуги директно во рацете на своите клиенти, обезбедувајќи лесен и брз пристап до финансии, без потреба од физичка посета на експозитура – освен за подигнување на новата картичка и ПИН-кодот.






„Ние будно ги следиме преференците на клиентите согледувајќи ја нивната сè поголема потреба да управуваат со своите финансии дигитално и со само неколку допири на својот телефон или компјутер. Со оваа надградба, продолжуваме да ги носиме традиционалните банкарски услуги од експозитурите во рацете на нашите клиенти, овозможувајќи им супериорно искуство и високо ниво на безбедност“, информираат од НЛБ Банка.

Аплицирањето преку мКлик не само што го олеснува процесот, туку и овозможува промотивна предност – во следните три месеци, сите апликации преку мобилната апликација ќе бидат без надоместок.

За користење на услугата, потребно е клиентите да имаат активен мКлик пакет со можност за плаќање, важечки документ за лична идентификација евидентиран во системите на Банката, како и активна сметка со расположливи средства за наплата на апликативниот трошок.

Апликацијата мКлик, која е достапна бесплатно на „PlayStore“ и на „AppStore“, веќе нуди низа услуги како проверка на состојба, трансакции, плаќање сметки, пријателски трансфери, аплицирање за кредит и други банкарски активности.

Поврзани содржини