НЕМА МАЛКУ И МНОГУ МУВЛОСАН ЛЕБ, ФРЛЕТЕ ГО ЦЕЛ! Кои намирници можете да ги исчистите од мувла и да ги јадете, а кои не?
Постои конфузија околу тоа дали мувлосаната храна е безбедна за јадење или не, па експертите за безбедност на храната и лекарите советуваат како треба да се постапува со одредени намирници кои фатиле мувла
Со оглед на значителната конфузија околу тоа дали мувлосаната храна е безбедна за јадење или не, експертката за безбедност на храна Силвија Андерсон објасни за Инсајдер дека во зависност од видот на храната, понекогаш може да е сосема во ред да се отстрани мувлата и да се јаде остатокот од храната.
Но не е така со сите намирници.