НЕМА ДОВОЛНО КАМИОНИ, НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ, НЕМА ПЛАТИ… За хаосот во „Комуналец“ раководството треба кривично да одговара

Ќе ги преземеме сите мерки против раководството, согласно законите и колективните договори – од кривични пријави до иницијативи пред Инспекторатот за труд – велат синдикалците.

4,272

Синдикатот на работниците во комуналните дејности СУТКОЗ и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја алармираат јавноста дека состојбата во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје е загрижувачка, со повеќемесечно доцнење на платите и сериозен недостиг од возила за собирање отпад и резервни делови за нив.

Според нивното соопштение, платите на вработените неколку месеци се исплаќаат со задоцнување, иако на сметката на претпријатието редовно пристигнуваат средства од наплатата на сметките од граѓаните.
И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за септември, вработените редовно ги извршуваат своите задачи со ограничени ресурси – велат од СУТКОЗ.






На состанокот на Извршниот одбор на синдикалната организација при ЈП „Комунална хигиена“, одржан на 21 октомври, биле поканети и раководството и Управниот одбор на претпријатието, но, како што се наведува, директорот не присуствувал.
Синдикатот нагласува дека вработените не се виновни за проблемите во работењето, туку раководството на претпријатието, кое, според нив, не обезбедува доволно средства за нормално функционирање.

Ќе ги преземеме сите мерки против раководството, согласно законите и колективните договори – од кривични пријави до иницијативи пред Инспекторатот за труд“ – соопштуваат од СУТКОЗ и ССМ, додавајќи дека ќе внимаваат притоа да не се загрози здравјето на вработените или граѓаните на Скопје.

Поврзани содржини