Неколку повредени, петмина исчезнати во експлозијата во Леверкузен (ВИДЕО)

Граѓаните беа предупредувани на „екстремна опасност“ со сирени и мобилната апликација на германската цивилна заштита.

303

Пет лица се водат за исчезнати, а неколку лица се повредени во силната експлозија што утринава го потресе индустриски парк во Леверкузен, град во западна Германија, предизвикувајќи голем облак од црн чад, додека од граѓаните беше побарано да останат во своите домови.

Експлозијата се случи во 09:40 часот по локално време, предизвикувајќи пожар во складиштето за гориво во Хемпарк, индустриски парк за хемиски компании, вклучително и Баер и Ланкс, соопшти операторот Курента на Хемпарк, пренесува Ројтерс.






Неколку вработени беа повредени, од кои најмалку двајца имаат сериозни телесни повреди, а пет лица се водат за исчезнати, вели Курента, додавајќи дека сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата и последователниот пожар.

Граѓаните беа предупредувани на „екстремна опасност“ со сирени и мобилната апликација на германската цивилна заштита.

Полицијата побара од жителите во областите близу експлозијата да останат во своите домови и да ги затворат вратите и прозорците.

Исто така беше речено дека тие треба да ги исклучуваат системите за климатизација, додека не се измери загадувањето на воздухот поради можен токсичен гас.

Неколку автопати во близина се затворени, а полицијата соопшти дека возачите треба да заобиколат за да ја избегнат областа.

Повеќе од 30 компании работат на локацијата Хемпарк во Леверкузен.

Во 2019 година, компаниите Баер и Ланкес го продадоа Курента, операторот на тој парк, на компанијата МекВери Инфрастракер за сума од 3,5 милијарди евра.

Поврзани содржини