Некои пациенти со ковид-19 и со потпис одбиваат болничко лекување, а еден од нив почина, вели Филипче
Нема пациент со ковид-19 кој не е примен во болница. Некаде и сами пациенти, со потпис, одбиваат да бидат примени, сакајќи лекување во домашни услови. А имаше и таков еден смртен случај. Не станува збор за нефункционирање на системот - тој е целоно под контрола на матичните лекари и на инфектолозите во болниците - одговори Филипче на прашањето на Плусинфо.
Како доаѓа до тоа пациенти со крајно тешка слика на ковид-19 да се примаат во болница? Дали тоа значи дека има пропусти во комуникацијата меѓу матичните лекари, кои треба два пати дневно да ги контактираат пациентите и зошто не се хоспитализираат веднаш пациентите за кои матичните лекари веќе знаат дека имаат коморбидитети со оглед на тоа што болничките капацитети во земјава не се исполнети а и мобилната болница е празна? Ова беше едно од прашањата кои новинарите денеска му го поставија на министерот Филипче.
Тој одговори дека имало и пациенти заболени од ковид-19 кои одбивале да бидат сместени во болница, а меѓу нив има и еден починат.
– Имаше повеќе пациенти и повеќе сценарија во различни делови од земјата. По индикација на матичните лекари – нема пациент со ковид-19 кој не е примен во болница. Некаде и сами пациенти, со потпис, одбиваат да бидат примени, сакајќи лекување во домашни услови. А имаше и таков еден смртен случај. Не станува збор за нефункционирање на системот – тој е целоно под контрола на матичните лекари и на инфектолозите во болниците – одговори Филипче на прашањето на Плусинфо.
Во врска со тоа дека на пациенти заболени од рак не им се закажуваат операции, на прашањето на Нова ТВ, од каде посочија дека тоа се случило на пациент на Клиниката за урологија, Филипче одговори дека операциите на заболените од рак не се одложуваат поради ситуацијата со коронавирусот.
А за тоа дали и кај нас е регистрирано заболување со Ковид-19 кај деца со атипични симптоми, како што е случај во изминатите две недели во некои земји од Европа, Филипче со одговор дека нема некое изненадување со специфика на децата кои што досега беа дијагностицирани кај нас во однос на другите дијагностицирани заболени со Ковид-19.
– За децата кои што досега беа дијагностицирани кај нас немаше некое изненадување со специфика во однос на другите дијагностицирани. Во таа смисла и наодот на белите дробови, пореметувањето на крвта беа во рамки на тоа што се движи манифестацијата кај возрасните. Значи некоја специфика посебна немаше – рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање од МИА.