НЕКОЈ СЕ БОГАТИ ОД ТРГУВАЊЕ СО КРИПТОВАЛУТИ Во земјава денеска е покренато прашањето за регулација на пазарот со виртуелни валути
Пред членовите на Советот за развој на пазарот на капитал биле претставени досегашни активности поврзани со законското уредување на виртуелните, односно крипто-средства во РС Македонија, како и понатамошни активности поврзани со активностите за законско уредување на виртуелни односно крипто – средства
Регулацијата на употреба на криптосредствата била една од темите на кои дискутирал на денешната седница на Советот за развој на пазар на капитал.
Министерството за финансии соопшти дека на седницата било отворено и прашањето за регулирање на виртуелните средствата, познати како криптовалути.
Пред членовите на Советот биле претставени досегашни активности поврзани со законското уредување на виртуелните, односно крипто-средства во РС Македонија, како и понатамошни активности поврзани со активностите за законско уредување на виртуелни односно крипто–средства
-Некои држави имаат донесено законски решенија за регулирање на виртуелните средства, се со цел да привлечат инвеститори во виртуелни средства и да се отворат за иновативната технологија врз основа на која се создадени овие средства. Во земјава првпат со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се среќаваат виртуелните средства само од аспект на активности поврзани со спречување перење пари и финансирање на тероризам- велат од Министерството за финансии.
На седницата се разговарало и за подготовка на Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари.
– Стратегијата ќе придонесе за правилно насочување на понатамошниот развој на финансиските пазари и нивна либерализација, а на нејзино изготвување работи работна група составена од претставници од повеќе институции.
Оттаму истакнуваат дека целта е подигнување на улогата и значењето на пазарот на капитал, либерализација на финансиските пазари, како и зголемување на придонесот на пазарите на хартии од вредност во растот на БДП. Додека активностите и мерките се насочени кон домаќинствата, компаниите, институционални инвеститори, инфраструктура и банки.
Стратегијата се очекува да биде финализирана до крајот на оваа година.