НЕКОЈ ПУКАЛ СО ВОЗДУШНА ПУШКА ВО НЕГОВИОТ БИК!? Несекојдневна пријава од тетовец

Засега не е познато кој е можниот сторител, ниту се познати неговите мотиви.

87

Жител на тетовското село Волковија пријавил во полиција дека некој пукал во неговиот бик со воздушна пушка и го повредил животното. Случајот бил пријавен на 24 август во 12:45 часот во СВР Тетово.

Пријавата ја поднел 59-годишниот Б.П. од Волковија, кој информирал дека на неговото домашно животно му биле нанесени повреди од истрели од воздушна пушка.






Полициски службеници излегла на местото, извршиле увид и собрале информации за утврдување на фактите. Сторителот се бара, велат од полицијата.

Од полицијата информираат дека се преземаат активности за расчистување на случајот и идентификување на лицето кое го повредило животното.

Засега нема официјални информации за можен сторител, ниту се познати мотивите и околностите под кои дошло до пукањето.

Поврзани содржини