📽️ НЕКОЈ ГО ЗГАЗНА ЛАВРОВ НА САМИТОТ НА БРИКС Рускиот шеф на дипломатијата опцу среде говор

Додека сите го слушаат говорот, Сергеј Лавров седи зад рускиот претседател Владимир Путин. Некој поминува и му ја згазнува ногата, а Лавров нешто нервозно изговара.

1,436

Некој стапна врз ногата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров на самитот во Казан, а тој опцу. Снимката која се прошета на социјалната мрежа Икс ја коментираше поранешниот советник на украинското МВР, Антон Герашченко.

Додека сите го слушаат говорот, Сергеј Лавров седи зад рускиот претседател Владимир Путин. Останува нејасно што изговара Лавров.

 






Самитот на БРИКС се одржа во Казан во Руската Федерација од 22 до 24 октомври, на кој присуствуваа дури 33 странски делегации, од кои 24 беа шефови на влади или шефови на држави.

Западните медиуми го оценија самитот како демонстрација на моќта на рускиот  лидер Владимир Путин, кој проба да докаже дека не е изолиран на меѓународната сцена поради војната во Украина.

 

Поврзани содржини