Некој ја пријавил страницата „Нисам тражила“ на Фејсбук, направени и лажни профили

811

Анонимец ја пријавил Фејсбук групата „Нисам тражила“ и таа од денеска не може да ги споделува пораките на девојките од регионот кои анонимно ги изнесуваат нивните сексуални злоупотреби.

Групата настана во знак на поддршка откако српската актерка Милена Радуловиќ објави дека била силувана од нејзиниот учител по глума Мика Алексиќ.






„За само неколку часа се поврзаа жените од регионот. Ги раскажаа своите трауми и една на друга ѝ порачаа Не си сама“, наведоа администраторките на оваа страница.

Сега, тие ги повикуваат следбениците да ги споделуваат нивните искуства анонимно на следниов линк https://www.facebook.com/groups/httpswww.nisamtrazila.org/?ref=share

– Страницата на Фејсбук ќе остане активна како и веб страницата  https://www.nisamtrazila.org и ќе служат како архива на анонимни изјави и корисни совети. Ве охрабруваме да го споделите со нас вашето сведоштво – повикаа администраторките на групата „Нисам тражила“.

Во меѓувреме, предупредуваат тие, направени се и лажен веб сајт и лажен профил на Инстаграм под името „Нисам тражила“.

 

Поврзани содржини