Нефи Усеини поднел оставка од Советот на Охрид

266

Советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ Нефи Усеини поднел оставка на функцијата што ја вршеше од 2017 година.

Претседателот на Советот на Општината Живка Ангелоска појасни дека согласно Деловникот оставката треба да ја разгледа Комисијата за верификација, избори и именувања, по што на следната седница закажана за в петок, Советот треба да ја констатира истата, по што треба да се спроведе постапка за верификација на мандатот на новиот член на Советот.

Против бизнисменот Усеини кој има своја градежна компанија во Охрид се води кривична постапка пред Основниот суд во Охрид за сторено дело „насилство”.

Поврзани содржини