НЕ ЗАВИСИ ОД МЕРАКОТ Шефот на државата не кажува дали ќе бара втор мандат

320

Стево Пендаровски вели дека одлуката дали ќе бара втор мандат од граѓаните ќе зависи од позитивната оценка на граѓаните за неговиот досегашен ангажман како Врховен командант на вооружените сили и како  претседател на државава.

– Моето натамошно ангажирање во политиката ќе зависи само од една работа. Не дали јас имам мерак да бидам на оваа позиција или на некоја друга, туку само од тоа дали мојот досегашен мандат и здравје боже до година целиот истеран мандат од пет години ќе биде позитивно оценет од граѓаните. Ако граѓаните немаат позитивно мислење пристојни бројки проценти за ова што го правам изминативе четири и пол – пет години, тогаш секако нема да ме гледате во политиката – рече Пендаровски во интервјуто за Македонското радио.

Поврзани содржини