НЕ ВЛАСТА, ТУКУ СТРАВОТ ОД ГУБЕЊЕ НА ВЛАСТА КОРУМПИРА Ахмети во Гостивар побара ветинг за секој политичар

667

„Власта не корумпира, стравот корумпира, стравот од губење на власта. Да бидеме попосветени, да бидеме поангажирани, не само на телевизиските екрани и дебати, туку и со конкретна активност и посветеност и борба против криминал и корупција, бидејќи има и такви кои велат дека се плашат да не ја загубат власта, а потоа прават лоши работи“.

Ова го истакна на вечерашната средба со граѓани во Гостивар претседателот на ДУИ, Али Ахмети, јавува Гостивар прес.






„Зошто бараме проверка? Да престанат сите гласини и да им дозволиме на органите на правдата да бараат одговорност од оние кои ја злоупотребуваат довербата. Ги повикуваме другите страни да најдат заеднички пат за нужно да го почнеме ветингот и чесно да го завршиме, затоа што така можеме да одиме напред со скенирање на секој политичар, секој законодавец и спроведувач на законот и секој функционер од централно до локално ниво“, рече тој.

На средбата зборуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, претседателот на огранокот на партијата во Гостивар, Валдет Џафери и пратеничката Арта Билали Зендели.

Поврзани содржини