Не сметајте на вакцина, предупредува американски научник

Тој рече дека иако може да се развие вакцина, „јас не би сметал на тоа“ и ги повика луѓето да носат маски, да мијат раце, да ги чистат површините и да држат растојание.

1,712

Врвен американски научник вели дека луѓето не треба во скоро време да сметаат дека вакцината за ковид-19 ќе биде развиена, бидејќи на глобално ниво бројот на заразени надмина 5 милиони лица, откако коронавирусот ја „нападна“ Латинска Америка, вклучувајќи го и Бразил, кој има регистрирано скоро 20.000 нови случаи во еден ден, објави „Гардијан“.

Вилијам Хаселтина, истражувач на рак на мозокот, ХИВ/СИДА и истражувач на проекти за човечки геноми, рече дека најдобриот пристап кон пандемијата е да се справи со болеста преку внимателно трагање на заболените и строги мерки за изолација секогаш кога ќе започне да се шири.






Тој рече дека иако може да се развие вакцина, „јас не би сметал на тоа“ и ги повика луѓето да носат маски, да мијат раце, да ги чистат површините и да држат растојание.

– Не ги слушајте политичарите кои велат дека ќе имаме една до моментот кога ќе се приближи нивниот реизбор. Можеби само ќе кажам дека не е никаков случај постигнување погодок, затоа што секој пат кога луѓето се обидоа да направат вакцина – за САРС или МЕРС – таа всушност не ги заштитни – рече тој.

Вакцините развиени претходно за други видови на коронавирус не успеаја да ги заштитат мукозните мембрани во носот, каде вирусот обично влегува во телото, вели Хаселтина.

Соединетите држави и другите земји не сториле доволно за „присилно да ги изолираат“ луѓето изложени на вирусот, рече Хаселтина, но ги пофали напорите на Кина, Јужна Кореја и Тајван за спречување на инфекцијата.

Поврзани содржини