📽️ 📷 НЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА Кина ги покажа новите оружја во големата парада, Џинпинг носеше одело на Мао Це Тунг

Би-Би-Си пишува дека во својот говор на приемот за време на ручекот, кинескиот претседател исто така рекол дека светот „никогаш не смее да се врати на законот на џунглата, каде што силните ги ловат слабите“, наздравувајќи за просперитетот на целото човештво.

286

Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди дека светот се соочува со избор меѓу мир и војна, додека денеска ја предводеше најголемата воена парада во историјата на својата земја, придружуван од рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Би-Би-Си пишува дека во својот говор на приемот за време на ручекот, Си исто така рекол дека светот „никогаш не смее да се врати на законот на џунглата, каде што силните ги ловат слабите“, не споменувајќи ги западните земји, а завршувајќи го говорот со здравица за „заедничкиот просперитет за целото човештво“.






Големата парада во Пекинг ја покажа моќта на Кина.

Нуклеарен арсенал, хиперсонични оружја

„Денеска видовме многу нови ракети, вклучувајќи ги DF-5C, DF-26D и DF-61 – интерконтинентална балистичка ракета на цврсто гориво и најновото дополнување на нуклеарниот арсенал на Кина. Исто така, гледаме неколку нови хиперсонични боеви глави во парадата. Постои клучна причина за тоа, велат воените аналитичари со кои разговарав“, вели допсничката на Би-Би-Си од настанот.

Кина се фокусира на развој на своите ракети и ракетни сили бидејќи ги смета за клучен дел од својата стратегија за одвраќање и спротивставување на поморската супериорност на САД, забележува Александар Нил, вонреден соработник во Пацифичкиот форум.

EPA/ANDRES MARTINEZ CASARES

Волци роботи наместо роботи кучиња

Контингент од четириножни роботи го привлекоа вниманието на денешната парада, тие се релативно нов – и впечатлив – адут во арсеналот на Кина. Машините се способни за извидување на фронтовската линија, доставување залихи, па дури и лансирање прецизни напади врз цели, според кинеските државни медиуми.

Нивниот претходник, „роботските кучиња“, беше претставен на заедничка воена вежба со Камбоџа минатата година. Но, тие беа преименувани во „волци“ како дел од „стратешка трансформација“, објави кинескиот државен медиум CCTV минатата година. Државните медиуми велат дека волците ја подобриле борбената ефикасност и способноста за удар – и се опремени со камери за попрецизно удирање во цели.

Си Џинпинг во костум на Мао Це Тунг

Хеликоптери носеа големи транспаренти, борбени авиони летаа во формација, а 70-минутната парада заврши со пуштање на 80.000 гулаби и шарени балони.

Облечен во костум во стилот на Мао Це Тунг, Си претходно ги поздрави повеќе од 20 светски лидери на црвениот килим, меѓу кои и индонезискиот претседател Прабово Субианто, кој изненадувачки присуствуваше и покрај протестите во својата земја.

– Денес човештвото е исправено пред изборот помеѓу мир или војна, дијалог или конфронтација, добивка за сите или игра со нулта збир – изјави Си пред повеќе од 50.000 гледачи на плоштадот Тијананмен, додавајќи дека кинескиот народ „цврсто стои на вистинската страна на историјата“.

Фото: Принтскрин

Возејќи се во отворена лимузина, Си вршеше смотра на војниците и најсовремената воена техника, меѓу кои ракети, тенкови и дронови.

Неговата сопруга, Пeнг Лијуан, на англиски им посака „Добредојдовте во Кина“ на дел од гостите.

Седејќи помеѓу Путин и Ким Јонг Ун, Си повеќепати иницираше разговори со нив додека пред нив минуваа војниците и воената техника. Во Пекинг беше и Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот претседател.

EPA/VLADIMIR SMIRNOV/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Новиот поредок против „хегемонизмот на Западот“

Си ја претстави Втората светска војна како клучен пресврт во „големото обновување на кинеската нација“, кога земјата ја надмина понижувачката инвазија на Јапонија за да стане економска и геополитичка сила.

Паралелно, тој промовира нов глобален поредок, повикувајќи на единство против „хегемонизмот и политиката на сила“, порака насочена кон САД. Си е уверен дека сега Кина ја презеде водечката улога, оцени Вен-Ти Санг од Атлантскиот совет.

Аналитичарите проценуваат дека парадата може да означи сигнал за поблиски воени односи меѓу Кина, Русија и Северна Кореја, по пактот меѓу Москва и Пјонгјанг од јуни 2024 и сличниот договор со Пекинг.

Путин ја искористи посетата за енергетски договори со Кина, додека Ким доби поддршка за својата нуклеарна програма. Тој беше придружуван и од ќерката Џу Ае, која јужнокорејската разузнавачка служба ја смета за негов најверојатен наследник, иако не се појави на парадата.

Настанот имаше и внатрешнополитичка функција – зајакнување на патриотскиот дух. Државните службеници низ целата земја беа задолжени да ја следат парадата и да напишат свои впечатоци.

За овој собир беа преземени максимални безбедносни мерки. Главни улици и училишта во Пекинг беа затворени, а локалните власти мобилизираа десетици илјади доброволци и партиски членови за надзор на јавниот ред.

 

 

Поврзани содржини