„НЕ СИ ГО ЗАГРОЗУВАЈТЕ ВАШИОТ ЖИВОТ“ Општина Карпош со апел до граѓаните да не ги користат услугите на дивиот Луна парк
Евентуалните последици заради непочитување на законските прописи и овој наш апел ќе ги сносат корисниците на услугите и неодговорниот сопственик на реквизитите“, велат од општината.
Општина Карпош ги повика граѓаните да не ги користат услугите на дивиот Луна парк кај базенот „Борис Трајковски“ бидејќи сопственикот ги нема безбедносните сертификати.
– За разлика од другите надлежни институции иако има минимални надлежности, води постапка против диво поставениот луна парк кај базенот ,,Борис Трајковски” и ги повика За жал, ова дивеење и беззаконие на сопственикот на луна паркот му го овозможуваат претставниците на надлежните владини институции. Истиот, не поседува одобрение за работа ниту пак ги има потребните безбедносни сертификати со што не ги исполнува законските услови за да ја врши оваа дејност – информираат од Општина Карпош.
Оттаму додаваат дека безбедноста на граѓаните, а особено на младите лица е загрозена и можни се животозагрозувачки последици.
„Затоа, oпштина Карпош апелира до сите граѓани, а особено до младите, да не ги користат услугите на овој луна парк затоа што го доведуваат во опасност својот живот. Евентуалните последици заради непочитување на законските прописи и овој наш апел ќе ги сносат корисниците на услугите и неодговорниот сопственик на реквизитите“, велат од општината.